implant - онтологија

всади повеќе

всадат
Вид збор: Глагол, свршен
Со воспитание, со влијание или со постапка вкорени некому нешто, направи добро да запамети.
Албански: ngulit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ние сме им всадиле навик за читање.

всели повеќе

вселат
Вид збор: Глагол, свршен
внесе, всади
Албански: implantoj, ngulit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во градите ќе ти вселат зеленило што лекува.
(се всели) Се вовлече, се всади во свеста, во душата и сл.
Албански: hy, ngulit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Студенило се всели во срцето на синот.

закорени повеќе

закоренат
Вид збор: Глагол, свршен
вкорени
Албански: rrënjos
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговите песни ја закоренија во нас љубовта кон татковината.
(се закорени) За навика, чувство - се зацврсти, се всади.
Албански: rrënjos
Примери:
Немирот се закорени во нејзината душа.

имплантира повеќе

имплантираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Вградување на вештачки дел или ткиво во жив организам.
Употреба: Медицина
Примери:
Тоа е уред со кој може да се избегнат големите операции на срцето, бидејќи се имплантира преку вените.